Извозот на новиот транспортен авион Ил-476 во странство може да започне после 2018 година, изјави директорот на „ОАК – Транспортни авиони“, Николај Санков.
„Имаме многу нарачки... главен нарачател е нашата земја, а сметаме дека извозот на авионот ќе започне после 2018 година“, изјави Санков.
Исто така, тој потврди дека бројот на барања за купување на овој авион од другите држави е речиси ист на бројот на внатрешни нарачки.
Транспортниот авион Ил-476 е модернизирана верзија на авионот Ил-76МД, а неговото создавање заврши во 2009 година. Првиот пробен лет, предвиден за десант на војници и воена техника, беше извршен во септември 2012 година, пренесува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче