После изборите на истокот во Украина односите меѓу Русија и САД и понатаму се влошуваат. Американските чиновници ја предупредија Москва дека нејзините „опасни“ дејства можат да имаат последици, пишува The Wall Street Journal. Исто така, САД ги признаваат ограничените можности на Вашингтон да влијае врз надворешната политика на Русија, се кажува во статијата.
Претходно беше соопштено дека Стејт департментот ѝ се заканил на Москва со изолација во случај да ги признае изборите во самопрогласените републики на истокот на Украина. Засега Русија се ограничи само со терминот „почитува“ во однос на резултатите.
„Видовме одредени промени во тактиката, но сметам дека фундаментални промени во стратешкиот правец кон Украина нема да видиме“, ги пренесува WSJ зборовите на американскиот чиновник.
Како што забележува весникот, претставниците од САД сметаат на економските санкции како инструмент за притисок врз Москва и најавуваат носење нови мерки. „Ќе разгледаме носење на нови мерки“, изјави изворот за весникот. Исто така, американските чиновници забележуваат дека е „нереалистично“ да се очекува брза промена на политиката на Москва кон Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче