САД ѝ се заканија на Русија со изолација во случај да ги признае изборите во Донбас

Вашингтон не ги признава резултатите од изборите на Донбас.

САД ѝ се заканија на Русија со изолација во случај да ги признае изборите кои се одржаа на 2 ноември во Донбас, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на официјалниот претставник на Стејт департментот на САД, Џен Псаки.

Според нејзините зборови, Вашингтон не ги признава сепаратистичките избори.

„Ги почитуваме изјавите на оваа тема во ЕУ, ООН, Франција, Германија, каде исто така не ги признаваат резултатите од овие незаконски дејства. Ако Русија ги признае изборите, тогаш тоа ќе доведе само кон дополнителна изолација“, изјави таа.

Претходно претседателот на Франција, Франсоа Оланд го повика Владимир Путин да не ги признава изборите во Донбас. Освен тоа, против изборите во ДНР и ЛНР излегоа со изјави и министерствата за надворешни работи на Бугарија, Грузија и Полска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња