Парламентот на Унгарија донесе закон за забрзување на изградбата на „Јужен тек“

Унгарија се надева дека ќе ја започне изградбата на гасоводот во текот на следниве шест месеци.

Унгарскиот парламент одобри закон кој предвидува забрзување на изградбата на гасоводот „Јужен тек“, пренесува Блумберг.

Според поправките, одобрени од парламентот на Унгарија, локалните компании можат да учествуваат во изградбата на гасоводот, дури и ако немаат лиценца за негова експлоатација. Иницијативата беше предложена од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој на овој начин повторно изрази несогласност со политиката на Европската унија.

„Ова е направено со цел да се даде нов импулс на ‘Јужен тек’ и да ѝ се покаже на Русија дека Унгарија сериозно го разгледува овој проект“, изјави Атила Холода, експерт за енергетски прашања.

Унгарија се надева дека ќе ја започне изградбата на гасоводот во текот на следниве шест месеци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња