Евгениј Перебијнис, претставник на МНР на Украина, изјави дека Русија ги саботира минските договори околу Донбас, пренесува „Интерфакс“.
„За жал, секое делче од овој документ во последниве два месеца цинично се саботира“, изјави тој на брифингот.
Претходно во Белата куќа беше изјавено дека кон Русија може да бидат воведени нови санкции доколку Москва продолжи да ги игнорира минските договори. Освен тоа, САД ѝ се заканија на Русија со изолација во случај да ги признае изборите во Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче