Новоизбраниот шеф на ЛНР смета дека 80% од економијата на регионот е ориентирана кон Русија

Претходно беше објавено дека украинските власти се подготвени да купуваат јаглен од Донбас.

Новоизбраниот шеф на Луганската народна република, Игор Плотницки, изјави дека 80% од економијата е ориентирана кон Русија. Тој исто така подвлече дека властите на самопрогласената република се подготвени да ја развиваат трговијата со руската страна, пренесува РИА Новости.

„Повеќе од 80% од економијата на републиката е насочена кон Руската Федерација. Никогаш тоа не сме го криеле, туку радосни сме за тоа“, изјави Плотницки за време на конференцијата за печатот.

Според неговите зборови, ЛНР може да предложи повеќе „отколку што другите мислат“. „Ние не молиме со подадена рака, ние сме подготвени да работиме“, додаде тој.

Претходно беше објавено дека украинските власти се подготвени да купуваат јаглен од Донбас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња