Извозот на руска нафта во периодот од јануари до октомври годинава падна за 2,4% во споредба со истиот период во 2013 година. Според показателите, Русија продала во странство 168,525 милиони тони нафта (4,063 тони нафта на ден), пренесува „Интерфакс“.
Нафтената компанија „Роснефт“ извршила извоз на 79,766 милиони тони нафта, „Лукоил – 16,406 милиони тони, „Сургутнефтгас“ – 22,423 милиони тони, „Гаспром нафта“ – 6,096 милиони тони, и „Татнефт“ – 7,499 милиони тони.
Забележан е раст на извозот на нафта во Белорусија во овој период од 4,3% во споредба со истиот период минатата година. Белорусија за првите десет месеци од годинава купила 18,393 милиони тони нафта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче