Можноста за укинување на санкциите против Русија исчезна после признавањето на изборите во ЛНР и ДНР од страна на Русија, изјави претставникот на германскиот канцелар, Штефен Зајберт, а пренесува Ројтерс.
Во Берлин ги сметаат одржаните избори во ЛНР и ДНР за нелегитимни, како и дека нивното одржување ги руши одредбите од минските договори.
„Во оваа ситуација е сосема нејасно тоа што Русија дава официјални изјави во кои се кажува дека изборите се признаваат“, изјави дипломатот.
Затоа, според неговите зборови, можноста за укинување на санкциите против Русија е исклучена. И не само тоа, во случај да влошување на ситуацијата може да бидат воведени и нови санкции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.