Deutsche Bank прогнозира раст на БДП на Русија од 0,2% во 2015 година, и 0,8% во 2016 година, пишува The Telegraph, повикувајќи се на соопштението од експертите во DB. Како што изјавуваат во Deutsche Bank, руската економија во голем дел зависи од приходите од нафтата, и уделот на енергетското производство е суштествен за економијата.
Затоа пониските цени водат кон намалување на растот на руската економија, а тоа се очекува во следните неколку години, сметаат експертите во банката. Тие сметаат дека во иднина цената на нафтата Brent ќе изнесува од 89 до 90 долари во периодот од 2015 до 2018 година.
Претходно руската Централна банка прогнозираше 0% економски раст во првиот квартал од 2015.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче