Белата куќа изјави дека Русија праќа војска кон границата со Украина

Русија повеќепати изјавува дека не е страна-учесник во украинскиот конфликт, и дека руска војска во Украина „немало и ќе нема“.

Претставникот во Белата куќа за национална безбедност, Марк Строх изјави дека Русија, наводно, преместува војска кон границата со Украина, но притоа не наведе никакви докази за вистинитоста на своите тврдења.

Русија повеќепати изјавува дека не е страна-учесник во украинскиот конфликт, и дека руска војска во Украина „немало и ќе нема“.

„Ја повикуваме Русија да се воздржи од поддршката на незаконското гласање (на изборите во ДНР и ЛНР), како и од дополнителното праќање војска во Украина“, изјави за РИА Новости претставникот за национална безбедност во Белата куќа, Марк Строх.

Во Донецката и Луганската народна република на 2 ноември се одржаа избори. Овие избори киевските власти ги сметаат за незаконски, а САД и ЕУ изјавија дека не ги признаваат резултатите од гласањето. Москва смета дека слободната интерпретација на договорот од Минск пречи во регулирањето на конфликтот во Украина, како и дека ги признава резултатите од гласањето. Претходно постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов изјави дека Русија не гледа ништо лошо во тоа што властите на ДНР и ЛНР сакаат преку избори „да добијат демократски мандат“, меѓу другото, и за да извршат преговори со Киев. Според него, смислата на договорот во Минск е да се помогне да се деескалира ситуацијата на истокот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња