Западни медиуми: Во последниве 72 часа Русија ги тестираше сите видови носачи на нуклеарно оружје

Руската армија извршила тестирања од Атлантскиот океан од Камчатка.

Во последниве 72 часа руската армија ги тестираше сите видови ракети-носачи на нуклеарно оружје, пишува весникот BarentsObserver, кој се занимава со истражување на темата на руско-норвешките односи.

Како што пишува изданието, руската армија извршила тестирања од Атлантскиот океан од Камчатка. Епицентар на тестирањата било Баренцовото море.

За време на тестирањата биле активирани космичките војски, одговорни за лансирањето на балистичките ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави, стратешките нуклеарни бомбардери, како и нуклеарните подморници кои можат да носат нуклеарно оружје.

Претходно од космодромот Плесецк во Русија беше лансирана меѓуконтиненталната балистичка ракета Топољ-М. Ракетата успешно ја погоди целта на полигонот во Камчатка.

Само за споредба - растојанието од Плесецк до Петропавловк на Камчатка изнесува повеќе од 6.000 километри, што е речиси 1.000 километри помалку од растојанието до Њујорк. 

Повеќе околу темата:

Нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“ (графикон)

Нуклеарната подморница „Северодвинск“ (графикон)

Руската воена морнарица (графикон)

Подморницата „Јасен“ (графикон)

Подморничката балистичка ракета „Синева“ (графикон)

Р36М2 „Војвода“ (графикон)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња