МНР на РФ: Москва ја почитува волјата на жителите на Донбас

Претседателот на Украина изјави дека не ги признава изборите во ДНР и ЛНР.

Москва ја почитува волјата на жителите на југоистокот во Украина, пренесува прес-службата на МНР на Русија.

„Изборите во Донецкиот и Луганскиот регион поминаа организирано и со висок процент на излезност. Ја почитуваме волјата на жителите на Југо-Истокот. Избраните претставници добија мандат за решавање на практичните задачи за организирање на нормалниот живот во регионите“, изјавено е во министерството, коментирајќи го гласањето кое заврши во ЛНР и ДНР.

Како што е забележано во руското МНР, избраните претставници добиле мандат за решавање на практичните задачи околу организирање на нормалниот живот во Донбас.

Претходно претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека Киев не ги признава изборите во ДНР и ЛНР.

„Сметам дека и Русија нема да ги признае изборите, бидејќи тие се грубо нарушување на минскиот протокол од 5-ти септември“, забележа Порошенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња