Русите открија астероид. Потврдено е дека засега не е опасен по Земјата.

Во следните неколку години MASTER-K14UB6R нема да се судри со Земјата.

Пред три дена руските научници го открија астероидот MASTER-K14UB6R, за кој потврдија дека нема да претставува опасност за земјата во следните неколку години, соопшти Виктор Шор, соработник во институтот за применета астрономија во Руската академија на науки.

„Барем во следните шест години овој астероид нема да претставува опасност за Земјата. Овие податоци се добиени од 136 калкулации“, изјави Шор, а го цитира „Интерфакс“.

Научниците успеаја да ја определат траекторијата на неговиот лет и веројатноста на приближување кон Земјата во следните неколку години. Според нив, дијаметарот на астероидот надминува 370 метри.

„При судир со таков објект, на Земјата ќе биде уништено сѐ на територија еднаква на големината на Московската област или некоја од европските држави“, изјави Шор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња