Руските испораки гас во Србија се намалени за 28%. Причина за тоа се долговите во висина од 224 милиони долари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ.
„Во последнава недела од страна на ’Гаспром екпорт’ забележавме намалување на испораките гас за 28%. И покрај тоа, нашиот систем за снабдување со гас работеше нормално, бидејќи имаме доволни количини гас од руските извори, локалните извори, како и од резервоарот ’Банатски двор’“, изјави министерот.
Според зборовите на Антиќ, српската страна води интензивни преговори со руските партнери околу динамиката на враќање на испораките на гас во нормала, како и отплаќање на долгот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче