На преговорите во Брисел меѓу претставниците од Русија, Украина и Европската унија беше потпишан трилатерален договор за испорака на гас во зимскиот период, пренесува РИА Новости.
Освен тоа, потпишан е анекс кон договорот меѓу „Гаспром“ и „Нефтогас“, со кој се уточнуваат условите за испорака на гас до крајот на март 2015 година. „Страните се обврзуваат во целост да ги почитуваат условите на постигнатиот договор. Никој од прекините на испораките нема да биде во завидна позиција. Треба да се почитуваат интересите на сите страни“, изјави Жозе Мануел Баросо, шеф на Европската комисија. Исто така, тој изрази надеж дека потпишаниот договор позитивно ќе се рефлектира на односите меѓу Русија и Украина.
Според условите на договорот, Русија ќе ѝ даде попуст на Украина во висина од 100 долари за илјада кубни метри гас за сметка на намалувањето на извозната давачка. Според ова, Украина ќе може да плати за 4 милијарди кубни метри руски гас, што ќе биде доволно земјата без прекин да биде снабдена во текот на целиот зимски период.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче