Олбрајт: Јас сум изненадена од руската пропаганда

Според зборовите на Олбрајт, таа е шокирана од „лагите“ кои се даваат на руските телевизии.

Информациите на руските медиуми се „пропаганда која наликува на времињата кога кулминираше Студената војна“, изјави поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, а пренесува vz.ru.

„Јас сум изненадена од руската пропаганда која наликува на времињата кога Студената војна го достигна својот врв. САД одговара на ова со јавна дипломатија, иако, кога понекогаш гледам руски телевизиски канали, јас се шокирам од лагите, непочитувањето на моите граѓани“, изјави Олбрајт во интервју за Delfi. 

Таа додаде дека „Владимир Путин ја води својата држава во опасна насока“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња