На меѓународната изложба за морска техника и вооружување „Еуронавал-2014“ во Париз, компанијата „Рособоронекспорт“ прикажа бродови и подморници со уникатни карактеристики.
„Во светот не постои ништо слично на она што денес го произведуваме. На изложбата постојат голем број брзи бродови со мал депласман. Треба да се истакне дека што поголема е брзината на движење на бродот, толку посложено е неговото користење во борба. При големи брзини се чувствува како бродовите да половат по камења, а тоа луѓето не можат да го издржат долго време“, изјави генералниот директор на Конструкторското биро „Алмаз“, Александар Шлахтенко.
„ние создадовме механизирано дно со користење на авиотехнологии. Нашата патролна корвета „Собољ“ денес достигнува брзина од 53 јазли, добро се движи низ бранови и е опремена со моќно вооружување. При големи брзини таа се движи како автомобил по автопат. Нејзиниот домет е 700 милји, а автономно може да плови пет дена. Ние се гордееме со неа. Ниту на Западот, ниту на Истокот не постои ништо слично“, додаде тој.
„Друга наша гордост е корветата со име ’Тигар’ (проект 20382). Таа е трета на ранг-листата на најдобри корвети во 21 век. Проектот ’Тигар’ има моќно и балансирано вооружување, прилично добри услови за сместување на екипажот и одлични пловни карактеристики“, истакна Шлахтенко.
Уште една руска сензација на изложбата „Еуронавал-2014“ се подморниците од КБ „Малахит“. тие се предвидени за пловење во плитки води и се максимално автоматизирани; со подморницата може да управува само едно лице.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче