Територијата на Русија е добро заштитена од сите правци од потенцијален ракетен напад, изјави заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.
„Денес практично немаме незаштитени подрачја“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Борисов.
Исто така, тој изјави дека развојот на вселенскиот ешалон од системот за известување за ракетен напад оди според планираното. „Денес во план е понатамошен развој на вселенскиот ешалон на системот. Работата се одвива според планот“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.