ФИФА се извини за картата која беше прикажана за време на презентацијата на Светското фудбалско првенство 2018, на која Крим беше прикажан како руска територија, пренесува порталот vz.ru.
„За жал, презентацијата беше составена од локални компании, и ние не го забележавме тој детаљ. Подоцна тоа беше поправено“, ја цитира Bloomberg изјавата на ФИФА.
Претходно видеото со презентацијата на амблемот на СП 2018, на кое Крим беше прикажан како дел од руската територија, беше избришано од каналот на ФИФА на You Tube.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче