ФИФА го прикажа Крим како дел од Русија

Украинската страна официјално не реагираше на видеото.

ФИФА на својот канал во You Tube прикачи видео од презентацијата на амблемот на Светското фудбалско првенство во 2018 година.

Во видеото презентацијата беше прикажана во вид на проекција на зградата на Бољшој театарот во Москва. Во презентацијата територијата на Русија беше прикажана со Крим како руска територија. Покасно ФИФА го избриша видеото од својот официјален канал на You Tube.

Претходно Крим беше именуван како руска територија од страна на британскиот весник The Telegraph.

Претставувањето на амблемот на СП 2018 се одржа на 28 октомври.

Украинската страна официјално не реагираше на видеото. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.