Европските и американските фирми трпат загуби воведувајќи санкции против РФ и поддржувајќи го Киев, додека украинските компании добиваат од тоа комерцијална добивка. Оваа ситуација не е прифатлива, изјави амбасадорот на САД во Украина, Џефри Пајет, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на украинската телевизиска служба за вести, tsn.ua.
„Принципиелно е украинските решенија во сферата на економијата и трговијата да не го намалуваат дејството на европските и американските санкции. Не е добра ситуацијата кога украинските компании добиваат комерцијални добивки, додека европските и американските компании трпат загуби како резултат на поддршката на суверенитетот и територијалната целосност на Украина“, додаде Џефри Пајет.
Пајет настојува Киев да го објави списокот на руски физички лица и компании против кои Украина воведе санкции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче