Санкциите на Европската унија ќе го намалат растот на руската економија за 0,6% во 2014, и за 1,1% во 2015 година, пишува The Wall Street Journal, повикувајќи се на анализа на Европската комисија. Како што пишува весникот, во мај прогнозата на ЕК изнесувала 1%, односно 2%.
Претходно беше соопштено дека на средбата на постојаните претставници на ЕУ државите било донесено решение дека нема потреба да се менува статусот на санкциите против Русија. Исто така, на средбата било оценето дека влијанието на санкциите врз самата економија на ЕУ ќе биде „ограничено“: растот ќе се намали за 0,2% до 0,3% во 2014 и 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче