Украина потврди дека има средства да ги плати тековните испораки на гас

Испораките на гас ќе се возобноват доколку ЕУ и Киев потпишат протокол, според кој ќе бидат определени финансиските гаранции на Европската комисија за Украина.

Украина потврди дека има средства за исплата на 4 милијарди кубни метри гас, соопшти министерот за енергетика на Русија, Александар Новак за време на состанокот на владата.

„Националната банка, заедно со Европската комисија, работеше во текот на претходната недела околу ова прашање (вклучувајќи ги и ММФ, Европската банка за обнова и развој), и официјално изјавија дека се подготвени да купат 4 милијарди кубни метри гас. Според ова, постигнат е договор за возобновување на испораките на гас во текот на зимата во Украина“, изјави Новак.

Тој напомна дека еден од основните услови за регулирање на ова прашање е елиминирањето на дел од долгот на Украина за испораките во ноември и декември 2013 година, како и од април до јуни 2014 година. „Соодветно договорите, до крајот на годината ќе биде платен дел од долгот кој изнесува 3,1 милијарди долари, при што 1,45 милијарди ќе бидат платени од страна на Украина во текот на наредните денови, а останатите средства - до крајот на декември“, подвлече Новак.

 Министерот смета дека Москва и Киев ќе можат да се договорат за почеток на испораките гас уште во четврток.

Се очекува во четврток навечер преговорите да продолжат. Сепак, како што предупредува шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, новата средба ќе се одржи само при услов доколку Киев и Брисел се договорат за финансирањето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.