Рускиот телекомуникациски сателит „Меридијан“, кој беше лансиран со помош на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“, ја започна својата орбита во вселената, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Алексеј Золотухин, претставник во Министерството за одбрана на Русија.
„Ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ успешно го изведе на орбита вселенскиот апарат „Меридијан“, изјави тој.
Претходно од космодромот „Плесецк“ во Архангелската област во Русија беше лансирана ракетата „Сојуз-2.1а“ со телекомуникацискиот сателит „Меридијан“. Осум минути после лансирањето на ракетата, од неа се оддели забрзувачкиот блок „Фрегат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче