Министерот за природни ресурси и екологија на Русија, Сергеј Донској изјави дека Русија планира пролетта 2015 година да поднесе барање до Комисијата во ООН за морски прашања за проширување на границите на Арктикот, соопштува „Интерфакс“.
„Одобрувањето на руското барање ќе ѝ даде на Русија суверено право врз дополнителна територија од 1,2 милиони квадратни километри во Северниот леден океан, а ќе ѝ овозможи и да ги зголеми прогнозираните ресурси за повеќе од 5 милијарни тони гориво. Секако, тоа ќе овозможи и геополитичка сигурност на нашите интереси на Арктикот преку установување на јуриздикција и контрола на дејноста на морското дно и водите“, изјави Донској.
Русија е една од првите држави која дава вакво барање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче