САД, Европската унија и Русија имаат кардинално различни гледни точки во оценката на легитимноста на закажаните избори во Донецката и Луганската народна република на 2 ноември. Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров во интервју за руските медиуми ги нарече изборите во ДНР и ЛНР „едни од најважните решенија кои потекнуваат од договорот во Минск“, уверувајќи дека Москва „ќе ги признае резултатите од изборите“.
Сепак, Европскиот совет на октомври изјави дека „спроведувањето на ’претседателските’ и ’парламентарните’ избори од самопрогласените власти ќе противречи на духот на Минските протоколи, и дека истите нема да бидат признати.
Според потпишаниот закон од претседателот на Украина, Петро Порошенко, локалните избори во ДНР и ЛНР требаше да се одржат на 7 декември, но лидерите на „народните републики“ на 23 септември изјавија дека планираат да го спроведат гласањето на 2 ноември. Притоа, тие уверуваат дека нема да дозволат украински институти и организации да земат учество во изборниот процес.
Информиран извор на „Комерсант“ во структурите на ЕУ изјави дека Брисел може повторно да воведе санкции против Русија ако таа ги призна изборите и гласањето на 2 ноември во ДНР и ЛНР. „Тоа признавање ќе има негативни последици. Изборите на 2 ноември не се предвидени според Минските договори и украинското законодавство. Соодветно, признавајќи ги тие избори, Русија не помага во регулирањето на кризата, туку обратно - кризата ќе премине во конфликт“, изјави соговорникот за „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче