Русија планира до крајот на 2014 година да ја заврши испораката на четири нови противвоздушни системи С-300 во Белорусија, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.
„Зборувајќи за завршните активности во 2014, годинава ќе го завршиме трансферот на четири апарати С-300. Мислам дека веќе во 2015 година тие ќе стапат во активна служба во белоруската армија“, изјави Шојгу.
Исто така, Шојгу уточни дека за време на состанокот на заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на Русија и Белорусија биле донесени заклучоци за работата во 2014 година и се определени плановите за 2015 година.
Повеќе околу темата:
С-300 - кошмар за генералите на НАТО
Ракетниот систем С-300 (графикон)
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче