Нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“ успешно изврши лансирање на меѓуконтиненталната балистичка ракета „Булава“ во Баренцовото море. Ракетата беше лансирана кон полигонот Кура на Камчатка, известува РИА Новости, повикувајќи се на конференцијата за печатот во Министерството за одбрана на Русија.
„Стрелањето е извршено под вода. Параметрите на траекторијата на летот на „Булава“ се нормални. Боевите делови на ракетата успешно ги погодија своите цели на полигонот Кура на Камчата“, забележано е во Министерството за одбрана.
На 10 септември нуклеарната подморница „Владимир Мономах“ изврши лансирање на „Булава“ од водите на Белото море на полигонот Кура на Камчатка.
Повеќе околу темата:
Нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“ (графикон)
Нуклеарната подморница „Северодвинск“ (графикон)
Руската воена морнарица (графикон)
Подморницата „Јасен“ (графикон)
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче