МНР на Русија изјави дека претстојните избори во самопрогласената Донецка и Луганска народна република одговараат и се во согласност на минските договори, се пренесува на интернет-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.
Во МНР подвлекуваат дека законот за посебниот статус на териториите во Донбас, напротив, противречи на договорот кој е донесен во Минск. Освен тоа, ситуацијата со хуманитарната катастрофа која се развива на спомнатите територии - не се подобрува.
„Во оваа ситуација позицијата на припадниците на самоодбраната околу спроведувањето на изборите на 2 ноември е правно оправдана и во целост одговара на договорите донесени во Минск. На југоистокот на Украина потребно е побрзо да бидат создадени полноцени органи на управа, за да може да се започне со решавање на прашањата за обезбедување на правниот поредок и нормалниот живот“, се кажува во соопштението.
Претходно генералниот секретар на ООН, Баи Ки Мун повика да не се одржат изборите во ДНР и ЛНР.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче