Од космодромот „Плесецк“ во Русија утрово беше лансирана ракетата-носач од средна класа „Сојуз-2.1.а“ со телекомуникацискиот сателит „Меридијан“ на себе, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на претставници од Министерството за одбрана и Воздушно-космичката одбрана.
„Во четвртокот на 30 октомври, во 4:43 минути според московско време, од рампата за лансирање број 4 во космодром ’Плесецк’ успешно беше лансирана ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ со телекомуникацискиот апарат ’Меридијан’. Лансирањето на ракетата-носач се изврши нормално“, изјави Алексеј Золотухин, претставник од Министерството за одбрана на Русија.
Осум минути после лансирањето на ракетата, од неа се раздели забрзувачкиот блок „Фрегат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче