Силен скок на Русија во рејтингот Doing Business

Во 2013 Русија во овој рејтинг го зазеде 92-то место, качувајќи се од 124-то.

Русија го зазеде 62-то место во рејтингот на Светската банка Doing Business 2015, качувајќи се за 30 позиции во листата, пренесува „Лента.ру“, повикувајќи се на Агенцијата за стратешки иницијативи.

Светската банка посебно ги издвои реформите кои беа спроведени од Русија во 2013-2014 година според индикаторите „Регистрација на претпријатијата“ и „Регистрација на сопственоста“. Според првиот индикатор Русија се искачи од 88-та до 34-та позиција, што е скок за 54 позиции, а според вториот, Русија се искачи за 48 позиции (од 109 на 66). Според индикаторот „Дозвола за изградба“, Русија бележи раст за 22 позиции (од 178 до 156).

Генералниот директор на Агенцијата за стратешки иницијативи, Андреј Никитин позитивно ја оценува Русија во споредба со државите кои имаат слична економска ситуација.

Меѓу БРИКС државите Русија го зазеде второто место (веднаш после ЈАР) според едноставноста од отворање и водење бизнис.

„Важно е да се сетиме дека почнавме од 124-то место и за краток рок успеавме да се искачиме високо“, изјави Никитин.

Во 2013 Русија во овој рејтинг го зазеде 92-то место, качувајќи се од 124-то. Најдобри земји за водење бизнис во светот минатата година беа Сингапур, Хонгконг, Нов Зеланд, САД и Данска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња