Русија со 0% економски раст во 2015 година

Клепач смета дека ниската цена на нафтата ќе биде причина за економската стагнација.

Растот на БДП на Русија следната година може да биде 0% во случај санкциите да не бидат укинати и светските цени на нафтата да се задржат на ниско ниво, изјави заменикот претседател на Внешекономбанк, Андреј Клепач, а пренесува ТАСС.

„Доколку се задржат ниските цени на нафтата, односно, некаде околу 90 долари за барел, растот на руската економија може да биде 0%“, изјави тој на XIII Серуски форум за стратешко планирање.

Според неговите зборови, во моментов Централната банка на Русија со помош на валутни интервенции го задржува падот на рубљата. „Има одлив на капитал кој не дозволува да се задржи курсот на рубљата“, додаде Клепач.

Тој смета дека следната година многу нешта ќе зависат од цените на нафтата, како и од курсот на рубљата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња