Русија може да испорача товар во Меѓународната вселенска станица доколку НАСА го побара тоа

Претходно беше соопштено дека ракетата Antares, на која се наоѓаше товарниот вселенски брод Cygnus, експлодираше веднаш после лансирањето од космодромот Валопс во САД.

Началникот на пилотираните вселенски програми во Роскосмос, Алексеј Краснов изјави дека Русија е подготвена да испорача товар до Меѓународната вселенска станица во случај тоа да го побара НАСА, пренесува РИА Новости.

Исто така, тој додаде дека експлозијата на вселенскиот товарен брод Cygnus нема да влијае на снабдувањето на рускиот сегмент во Меѓународната вселенска станица.

„За нас има минимална штета. Снабдувањето на рускиот сегмент во МВС нема да биде проблем, бидејќи нашиот товар го носиме на веќе проверените руски товарни бродови „Прогрес“, кои ги имаме во доволен број. Секоја година имаме барем по четири бродови на располагање, а по потреба можеме да лансираме пет“, изјави Краснов.

Претходно беше соопштено дека ракетата Antares, на која се наоѓаше товарниот вселенски брод Cygnus, експлодираше веднаш после лансирањето од космодромот Валопс во САД.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња