Португалска министерка: Ударот кој го нанесе руското ембарго се чувствува во целата ЕУ

Според нејзините зборови, Европската унија преземе низа мерки за да се ублажат последиците од ембаргото.

Загубите предизвикани од ембаргото кое го воведе Русија се забележуваат во сите земји на Европската унија, изјави министерката за земјоделство и море на Португалија, Марија де Асунсао Кришташ, а пренесува ИТАР-ТАСС.

„Ударот се чувствува во цела Европска унија, па за да се ублажи истиот, беа преземени дополнителни вонредни мерки“, изјави Кришташ. „Што се однесува до зеленчукот и овошјето, дел од мерките вклучуваат повлекување на производи од продажбата и нивно пренасочување, на пример, во добротворните организации“, изјави министерката.

Според нејзините зборови, Португалија пред воведување на ембаргото за прехранбени производи, во Русија извезуваше овошје, месо, млечни производи, риба и морски плодови. Во услови на воведени ограничувања, Португалија гаи надеж во врска со растот на продажбата на португалското вино во Русија, истакна министерката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња