Новиот нискотарифен авиопревозник, кој ќе функционира под закрилата на „Аерофлот“, ќе се вика „Победа“, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на извор во корпорацијата.
Првиот лет „Победа“ ќе го изврши кон Волгоград. Освен тоа, познато е дека интернет-страницата на компанијата се наоѓа на следната врска www.pobeda.aero.
Претходно беше соопштено дека компанијата ќе ја поврзе Москва со осум руски мегалополиси. Претходната компанија „Добролет“ ги прекина летовите на 4 август поради санкциите од ЕУ против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче