Ракетата „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот товарен брод „Прогрес М-25М“ стартуваше од Бајконур, пренесува ТАСС, повикувајќи се на претставник на Роскосмос.
„Лансирањето беше извршено во 10:10 по московско време. Сите подготвителни операции и самото лансирање поминаа нормално“, се кажува во соопштението.
Исто така, се забележува дека за прв пат се лансира овој вид ракета со вселенскиот брод „Прогрес М-25М“. Претходно товарните бродови до Меѓународната вселенска станица беа лансирани само со помош на ракетата-носач „Сојуз-У-ПВБ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче