Екипажот на Меѓународната вселенска станица има доволно вода и продукти до март 2015

Ноќта на 29 октомври ракетата Antares експлодираше веднаш после лансирањето од космодромот Валопс во САД.

Претставникот на НАСА, Мајк Сафредини за време на конференцијата за печатот изјави дека во Меѓународната вселенска станица космонаутите и астронаутите имаат доволно резерви од вода и продукти до март.

„Ние воспоставивме соодветна логистика за да се заштитиме себеси (во случај на инцидент) во период од четири до шест месеци. Сметам дека ако ниту еден вселенски товарен брод не пристигне на МВС, ќе имам доволно храна до март“, изјави Сафредини, а пренесува РИА Новости.

Тој напомна дека на 29 октомври треба да биде лансиран рускиот товарен брод „Прогрес“, а во декември кон МВС треба да полета и американскиот вселенски товарен брод од компанијата SpaxeX.

Ноќта на 29 октомври ракетата Antares експлодираше веднаш после лансирањето од космодромот Валопс во САД. Со оваа ракета требаше да бидат испорачани продукти за екипажот на МВС, во кој има и двајца руски космонаути. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња