Западни медиуми: „руски хакери“ навлегле во мрежата на американска фирма со воени тајни

Според медиумите, една од целите на руските хакери била Алијансата.

„Руски хакери“ навлегле во електронската мрежа на неименувана американска фирма, во која се чувале воени тајни, пишува The Wall Street Journal. Како што соопштува весникот, претходно со истражувањето на овој хакерски напад се занимавале експертите од компанија FireEye. Специјалистите успеале да откријат „прецизно создадено сајбер-оружје“, програмирано, наводно, на компјутери во Русија, во работните часови според московско време, се кажува во статијата.

Денес FireEye ќе објави извештај за оваа тема. Како што напомнува весникот, ова нема да биде прв извештај од оваа компанија, која се специјализира во областа на интернет-безбедноста. Компанијата тврди дека една од целите на руските хакери било НАТО.

Претходно беше објавено дека руските хакери ги искористиле „дупките“ во оперативниот систем Windows за да можат да ги следат странските лидери и организации во последните пет години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.