Соработниците во американската амбасада во Русија се жалат на заплашување, соопштува телевизискиот канал ABC. Меѓу другото, се тврди дека биле дупнати гумите на автомобилот на еден од соработниците во амбасадата на САД во Москва, а кај друг било пробиено електронското сандаче.
Бројот на инциденти кои им се случуваат на дипломатите од САД во Москва порасна во последнава година до ниво кое не е забележано од времето на „Студената војна“, изјавуваат американските чиновници. Овој „тренд“ на обеспокоеност во Вашингтон било пренесено на руската страна „на највисоко ниво“, се кажува во материјалот.
Според изворите, некои од „најзабележливите“ акции биле насочени и кон Мајкл Макфол, кој работел како амбасадор на САД во Москва до февруари. Макфол не дава коментари на оваа тема. Освен тоа, заплашувани биле и Русите кои работат во дипломатското претставништво на САД.
Руското Министерство за надворешни работи пред објавувањето на овој материјал не даде коментари, додава ABC.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче