Шведска призна дека руската подморница е измислена

Во воено-морските сили на Шведска изјавуваат дека немаат никакви информации за никаква руска подморница.

Од воено-разузнавачката служба на Шведска е соопштено дека покрај бреговите на Скандинавскиот полуостров немало никаква руска подморница, како што ја нема ни сега, како и дека веста за неа е само новинарска патка, пренесува најголемиот весник во земјата "Dragens Nyheter", повикувајќи се на воениот ресор.

Во последните неколку недели доаѓаа соопштенија дека шведските разузнавачки служби се обидувале да влезат во трагата на подморницата во Стокхолмскиот залив, поради наводниот повик за помош на руски јазик.

Новинарите направиле обид да ги добијат записите на повиците, пренесува телевизискиот канал „Русија 24“. Од разузнавачката служба соопштуваат дека и самите би сакале да прочитаат нешто за руската подморница, но дека немаат никакви информации за тоа.

Министерот за одбрана на Финска, Карл Хаглунд претходно изјави дека потрагата по „странската подморница“ во близина на Стокхолм е „фарса“. „Ако претпоставките не можат да се потврдат, нема да правиме фарса. Тоа не е начин да се зголеми авторитетот на нашите одбранбени сили...“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња