„Блокот на Петро Порошенко“ во Врховната рада на Украина ќе биде главен партнер во дипломатската соработка со Русија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а јавува "Life News".
Според зборовите на Лавров, претседателот на Украина во повеќе наврати ја докажал својата желба да ја продолжи соработката со Русија.
„Водечка сила во Врховната рада ќе биде ’Блокот на Петро Порошенко’. Украинскиот претседател како лидер на таа партија соработува со нашиот претседател во рамките на усогласувањето на мировните договори“, додаде Лавров.
Дипломатот потсети дека руските надгледувачи во мисијата на ОБСЕ ги следеле парламентарните избори во Украина. Според зборовите на Лавров, Русија е подготвена да го признае новиот состав на Врховната рада и очекува од неа ефикасно решавање на внатрешните политички задачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче