Лавров: ОБСЕ правно не може да ја гарантира безбедноста во Европа

Според Лавров, ОБСЕ ја пропушти шансата да се трансформира во вистинска организација со свој статус и конкретна агенда за дејствување.

Ако ОБСЕ би имал право да ја обезбедува безбедноста во Европа, трогаш би се избегнале многу проблеми во регионот, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија во интервју за весникот „Известија“.

„Ако тогаш (за време на распадот на СССР) ОБСЕ се трансформираше во вистинска организација со свој статус и фиксирани правни гаранции за безбедноста на сите членови на организацијата, тогаш сѐ би можело да тргне поинаку“, изјави министерот.

Шефот на МНР на Русија го насочи своето внимание на многубројните недостатоци на функционирањето на ОБСЕ. „Организацијата за безбедност и соработка во Европа сега е празна структура без никаков статус и јасни правила на функционирање на многу од нејзините институти“, забележа тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња