Кризата во Украина можеше да се избегне ако Киев не прибегна кон употреба на сила, ова го изјави Сергеј Лавров во своето интервју за весникот „Известија“.
„Убеден сум дека ако киевските власти, кои претходно извршија политички преврат, не употребеа сила, го почитуваат Договорот од 21 февруари, потпишан од Кличко, Јацењук, Тјагнибок и Јанукович – немаше да дојде до никаква криза во Украина“, изјави министерот. „Првите дејства од Киев покажаа дека ги сметаат за „победени“ оние кои живеат на југоистокот на државата“.
Според зборовите на Лавров, жителите на Донбас немаат друг избор освен да се фатат за оружјето. „Луѓето едноставно решија дека треба застанат во одбрана на она што го сакаат, да истапат против она што им го наметнуваат“, изјави шефот на МНР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче