Церемонијата на отворање на СП 2018 ќе се одржи во Москва, но не на стадионот „Лужники“

Русија се подготвува за Светското фудбалско првенство кое треба да се одржи во 2018.

Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко изјави дека церемонијата на отворање на Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 ќе се одржи во Москва, но не на стадионот „Лужники“.

„Тоа не е лесно прашање, бидејќи ФИФА имаат предлог да се промени приодот и форматот на спроведување на церемонијата на отворање. Јасно е дека церемонијата ќе се одржи во Москва, но најверојатно не на стадионот „Лужники“. Ќе размислиме за иницијативата. За неа сѐ уште не сме зборувале на нашите состаноци. ФИФА има таква идеја, а за понатаму, ќе видиме“, изјави Мутко, а пренесува „Р-Спорт“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња