Шојгу: Русија ќе му помогне на Јемен во борбата со тероризмот и регионалната безбедност

Во првата половина на октомври во Јемен се случија два големи терористички напада.

Русија ќе му помогне на раководството на Јемен во борбата со тероризмот и обезбедувањето на регионалната безбедност. Ова го изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу за време на средбата со јеменскиот колега Михамад Наси Ахмад Али, пренесува ИТАР-ТАСС.

Рускиот министер забележа дека Јемен поминува низ тешки времиња и изрази надеж дека државата ќе успее да го востанови мирот и редот.

Тој додаде дека Москва го поддржува Јемен во борбата со тероризмот и наведувањето ред во државата.

Претходно Москва ги повика сите локални политички сили да се сплотат пред сѐ поголемата опасност од страна на радикалите. „...Во Јемен на 9 октомври се случија два големи терористички напада“, се кажува во коментарот на руското МНР. Според соопштенијата на медиумите, во јеменскиот главен град Сана, како резултат на терористички напад загинаа 45 лица, а 75 се повредени. Во јужниот дел на државата, како резултат на напад на „Ал-Каеда“ настрадаа 30 лица“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња