МНР на Русија: Изборите во Врховната рада на Украина се регуларни

Москва смета дека изборите во Украина поминале мирно.

Вчерашните избори во украинскиот парламент Москва ги оценува како регуларни, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин.

„Ги чекаме официјалните резултати, бидејќи засега доаѓаат доста противречни информации. Меѓутоа, веќе е јасно дека изборите се регуларни, и покрај прилично грубата и валкана кампања“, изјави тој.

Карасин нагласи дека новиот состав на украинскиот парламент мора да „стапи во сеопфатен дијалог со целото општество, да воспостави непосредни контакти со претставниците на регионите и да тежнее кон дипломатско решавање на проблемите предизвикани од решенијата на Киев“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња