Анкета: Половина од Русите го поддржува затворањето на Мекдоналдс

47% од анкетираните сметаат дека проверките во ресторантие на Мекдоналдс во Русија се одговор на властите за антируската политика на САД.

Според податоците од анкетата извршена од Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), половина од Русите го поддржуваат затворањето на сите ресторани Мекдоналдс во Русија, пренесува vz.ru.

„Проверките кои се вршат во последно време во рестораните на Мекдоналдс, според 47% од анкетираните – е мерка од властите како одговор на антируската политика на САД. Само 33% сметаат дека проверките се вршат поради контрола на квалитетот и нормите“, соопштено е на интернет-страницата на ВЦИОМ.

За половина година бројот на поддржувачи за затворање на сите Мекдоналдс ресторани во Русија практично не е променет – 47% - 49%. Главната причина за затворањето на рестораните Русите ја лоцираат во неквалитетното и невкусно јадење (41%), а 20% сметаат дека треба да се поддржуваат домашните ресторани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.