Во Москва на 25 октомври се приведени околу 7 илјади емигранти поради проверка на легитимноста на нивниот престој во Русија, соопштено е во информативната служба на московската управа на МВР.
„Во периодот од 23 октомври до 2 ноември годинава се спроведува комплексна оперативно-превентивна операција “Емигранти-2014“. Во текот на 24 часа припадниците на московската полиција на територијата на Москва приведоа вкупно 6.830 странски граѓани“, изјави претставникот на информативната служба, а пренесува ТАСС.
За 535 приведени лица составени се административни записници за „кршењето на правилата за влез на територијата на Русија и за престој во Русија од страна на државјани на други земји“. Освен тоа, покренати се 23 кривични постапки поради незаконски престој на странски државјани на територијата на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче