Претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека за обединувањето на украинскиот народ треба да ѝ се заблагодари на Русија. Ова тој го изјави во емисијата „Шустер LIVE“, а пренесуваат руските медиуми.
„Земјата е консолидирана и патриотски ориентирана како никогаш досега. Би сакал да ѝ се заблагодарам на Русија, бидејќи после 23 години постоење, Украина никогаш не била толку обединета. Нашите непријатели се надеваат дека Украина е слава и дека ќе се распадне на неколку делови. Но во текот на овие пет месеци Украина е обединета. Претстојните избори ќе го докажат единството на Украинците“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче