Путин: санкциите нема да влијаат на акциите на Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека санкциите нема да влијаат на решенијата и дејствата на Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека санкциите нема да влијаат на решенијата и дејствата на Русија. Ова тој го изјави пред учесниците на меѓународниот дебатен клуб „Валдај“.

„Под притисок од санкции никој, никогаш, дури ни малите држави - не донесувале решенија. А држава како Русија со сигурност нема да прави нешто што сакаат нашите партнери кои се обидуваат да извршат притисок“, забележа шефот на државата. Според неговите зборови, таквиот приод е апсолутно контрапродуктивен и не води кон никакво решавање на проблемите.

„Што се однесува до санкциите... Дали се наметнати или ненаметнати, не можам јас за тоа да судам. Но вицепретседателот на САД сосема неодамна рече дека требало да извршат голем притисок врз европските партнери за да воведат санкции. Тоа тој го рече, не јас. Значи, сепак, вршеле притисок“, заклучи претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња